Бошњаковски: Регистарот на населението не е замена за попис
Реализацијата на проектот треба да заврши до јули 2018- та. Според владиниот портпарол Бошњаковски, регистарот не може да се поврзе со пописот, но податоците не исклучуваат спроведување во негова стандардизирана форма.

За поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации ќе се изработува Централен електорнски регистар на население. Реализацијата на проектот треба да заврши до јули 2018- та. Според владиниот портпарол Бошњаковски, регистарот не може да се поврзе со пописот, но податоците не исклучуваат спроведување во негова стандардизирана форма.
„Кога ќе биде направена и обезбедена самата алатка преку неа можно е да се направи и електронски попис, но таа не исклучува спроведување попис на населението во неговата стандардизирана форма“, појаснува Бошњаковски, нагласувајќи дела Регистарот на население не е замена за попис.
Централен електронски регистар на населението треба да овозможи поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации во повеќе институции во земјава, како што се МВР, Катастар и други.
