Ниту Бубка не е вечен, рекорд на Лавилени
На митингот во сала во украински Доњецк, Лавилени прескокна 6 метри и 16 сантиметри што е за еден сантиметар повисоко од сега веќе стариот рекорд на Бубка...

Неочекувано затоа што никој ниту ги загрози височините на Сергеј Бубка, францускиот скокач со стап Рено Лавилени постави нов светски рекорд. На митингот во сала во украински Доњецк, Лавилени прескокна 6 метри и 16 сантиметри што е за еден сантиметар повисоко од сега веќе стариот рекорд на Бубка постигнат пред 21 година во сала или два сантиметра од најдобриот резултат на легендарниот Украинец на отворено остварен 1994-та година .
„Беше неверојатно затоа што овој стап никогаш не сум го користел за скокови околу шест метри. Ми беше важно само мојот прв скок во серијата да биде најдобар и не ни се надевав дека ќе го надминам постигнувањето на Сергеј“, изјави Лавилени по митингот на којшто присуствуваше и Бубка.
Претходно најдобар резултат во кариерата на Лавилени на отворено беше 6 метри и 2 сантиметра со којшто освои злато на Олимпијадата во Лондон, додека во сала негово најдоброто постигнување до Доњецк беше 6 метри и 8 сантиметри.
