САД ја почнаа изградбата на осум прототипови на ѕидот на границата со Мексико

27.09.2017 13:37

Тестирањата и проценката на ефикасноста ќе траат три месеци, а пробните делови се поставуваат во близина на Сан Диего. Завршната верзија на бариерата содржи камери и сензори.

Стартуваше изградбата на осум прототипови на ѕидот за границата со Мексико, кој беше дел од предизборните ветувања на претседателот Доналд Трамп.

Тестирањата и проценката на ефикасноста ќе траат три месеци, а пробните делови се поставуваат во близина на Сан Диего. Завршната верзија на бариерата содржи камери и сензори.

Секој ѕид чини по 450 илјади американски долари, кои ќе бдиат покриени од Федералните фондови.