Ќе се изработува Централен електорнски регистар на население
За поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации ќе се изработува Централен електорнски регистар на население. Реализацијата на проектот треба да заврши до јули 2018-та. Според владиниот портпарол Бошњаковски, Регистарот не може да се поврзе со пописот, но податоците не исклучуваат спроведување во негова стандардизирана форма...

Ќе се изработува Централен електронски регистар на население. Ќе служи за поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации од и до институциите. Конечното решение треба да биде готово до јули следната година. Ќе го реализира Министерството за информатичко општество. Проектот не е замена за пописот- тврди владиниот портпарол Бошњаковски.
„Самиот Централен регистар е алатка за поедноставен пристап до сите сервисни информации до институциите. Самата алатка кога ќе биде обезбедена, можно е да се направи електронски попис, но не исклучува правење на попис на население во неговата стандардизирана форма. Ова не е замена за попис. Ова кога ќе биде функционално, постојат земји членки на ЕУ кои паралелено прават попис во стандардна форма и го користат Регистраот на население за верификување на овие податоци“, посочува Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.
Проектот е во изработка, дали државата ќе одлучи да го користи како потврда на пописните резултати, ќе се одлучува откако ќе биде ставен во функција- вели Бошњаковски.
Во неговата содржина покрај личните податоци, листата на документи што ја поседува лицето, ќе стојат прецизини информации за постојаната адреса на живеење, адресата на привремен престој, националноста, за брачниот статус.
До 5-ти октомври МВР и Информатичко општество треба да го изготват акцискиот план според кој ќе се спроведува Регистарот.
На вчерашната седница е одлучено да се формира и меѓуресорска работна група што ќе работи на реформите на системот за следење на комуникациите. Предложени се четири модели. Ќе се следи имплементацијата на Планот на препораките од Прибе. Целта е, според Владата, јавно и транспарентно да се избере најсоодветен модел.
Сузана Фиданска- Стоевска
