Бергамин: Задолжително носење на електронски нараквици за бегалците и мигрантите
27.09.2017 15:00
Познат по екстремнодесничарските и антиисламските ставови, истакна дека мигрантите се поврзуваат со криминални дела во Италија, па потребно е полицијата навремено да ги спречи противзаконските акти.

Италијанскиот политичар Масимо Бергамин предлага задолжително носење на електронски нараквици за бегалците и мигрантите.
Познат по екстремнодесничарските и антиисламските ставови, истакна дека мигрантите се поврзуваат со криминални дела во Италија, па потребно е полицијата навремено да ги спречи противзаконските акти.
Бергамин обвини дека за бегалците и мигрантите биле потрошени околу пет милијарди евра.
