ВМРО-ДПМНЕ: Однесувањето на Заев е срам за Македонија

27.09.2017 15:09

Заев е единствениот премиер во Европа кој барал мито од 200 илјади евра од бизнисмен, велат од опозициската партија...

Зоран Заев е срам за неговата партија, но и за цела Македонија, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Тој е единствениот премиер во Европа кој барал мито од 200 илјади евра од бизнисмен.

Видеоматеријалот, велат во ВМРО-ДПМНЕ, е непобитен доказ за тоа како Зоран Заев работел во Струмица и за тоа како планира да работи во Македонија.