Ракомет

Уф, какви два бода!

15.02.2014 20:50

Што е право, понесени и од гласната публика во арената „Борис Трајковски“ девојките на Индира Кастратовиќ ги зграпчија двата бода големи како куќа.

Тешко, многу тешко, но слатко, Вардар СЦБТ-Митјиланд 25:24 (10:12). Во негатива речиси целиот натпревар Вардарки во третото коло во елитната Лига на Шампионките, за кога беше најпотребно се загризе.

Што е право, понесени и од гласната публика во арената „Борис Трајковски“ девојките на Индира Кастратовиќ ги зграпчија двата бода големи како куќа. Но, сеуште работата оди нога за нога, во групата 1, сите 4 тима собрани на купче, она што е позитивно е што и натаму мак шампионките се со бод предност.

Блескаше Суслина на голот на Вардарки со 13 одбрани, Ана Ѓокиќ пак беше најпрецизна со 5 погодоци. Данските ракометарки ќе има за што да се јадосуваат, им се лизна победа од раце. Ја имаа супер Енглер на својот гол со 17 сопрени топки на црвено-црните.

Се мрси работата во групата 1 и со победата на германски Турингер над Савехов 30:25, кои сега избиваат на втората позиција со минус еден бод (4) од Вардар СЦБТ (5). Следат на тебелата Митјиланд со 2 бода, Савехоф со 1.

Вардарки во шампионското друштво за две недели одат на жешкиот  за реванш терен кај Митјиланд.