Со имплементација на приоритетните реформи, Македонија поскоро во НАТО
Акцискиот план за членство во НАТО претставен пред амбасадорите на Северно- атлантскиот совет на Алијансата. Министрите за надворешни работи и за одбрана во Брисел...

Преку интензивирање на имплментација на приоритените реформи, Македонија час поскоро да биде дел од Алијанста е целта на која е фокусирана новата Влада, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на средбата со заменик- генералниот секретар на Алијансата, Роуз Готемолер, во седиштето на НАТО во Брисел.
„Како Влада сме одлучни, преку Планот 3-6-9 целосно да се фокусираме на демократските реформи, што значи владеење на правото, независни медиуми, независно судство, професионална администрација“, изјави министерката за одбрана Шекеринска.
„Ние делиме заеднички товар и грижа за глобалната и регионалната безбедност. Ние ќе го туркаме регионот кон добра насока. Сакаме да направиме чекор напред, и врз база на зрелоста и мудроста да излеземе од кризата“, додаде шефот на дипломатијата, Никола Димитров.
Во таа насока, Владата на состанокот предложи нова безбедносна стратегија, како и зголемување на трошоците во делот на одбраната во текот на следните две години, со цел да се достигнат стандартите на НАТО.
„Реформи кои ќе обебзедат силно валдеење на правото, добрососедски односи во мултиетничкото општество, ќе допринесе позитивен развој на сите. Знаеме дека ова е огромна и амбициозна агенда, знаеме дека за прогрес потребно е време и напор, но имплементацијата на реформте ќе донесе бенифит на вашата земја, и ќе го зацврсти вашиот пат кон евро-атлантските интеграции“, нагласи заменик- генералниот секретар на НАТО, Готемолер.
На состанокот беше заокружен 17-от циклус на Акцискиот план на Република Македонија со Северно- атлантската алијанса.
Марина Стојанова- Тонева
