Ахмети: Општина Долнени да ја врати гордоста, жителите да се здружат
Лидерот на Демократската унија за интеграција со пораки од општина Долнени. Ги потсети жителите дека имаат историска мисија на 15-ти октомври.

Очекуваме од граѓаните на општина Долнени, особено од жителите на Црнилиште да ја вратат гордоста на општината од пред четири години, да се соединат со сите други села како Дебреште, Лажани и Житоше, рече лидерот на Демократската унија за интеграција, обраќајќи се во Долнени. Овојпат имате историска мисија затоа сите погледи се вперени кон вас, додаде Ахмети.
„Здружувајќи се сите вие заедно ќе направите добро за сите вас, за сите заедници кои живеат на овие простори. Џемил Ќамили треба да победи бидејќи нуди една од најдобрите програми благодарение на големата поддршка што ја има од страна на ДУИ. Демократската унија за интеграција е непобедлива сила без разлика дека 15 години се бореа за да ја урнат, но дали се уриваат планините? Не. Вие треба да се организирате многу добро, вие треба да останете сите заедно, со жителите во овие простории без разлика на другите партии кои имаат кандидати, повикувајте ги да дојдат со вас бидејќи вашиот пат е најдобар, вашиот пат е побезбеден за сите кои живеат во овие простории“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Кандидатот на ДУИ, Џемил Ќамили презентираше дел од најважните проекти.
Денеска кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Џелал Чајани, пак, ја побара поддршката од жителите ветувајќи дека ќе ја претвори во модерна оптшина.
Изборниот караван на ДУИ продолжува во општините Гази Баба и Арачиново.
Фиљана Кока
