Локални избори 2017: Партиите на митинзи и средби со граѓани
Коалицијата предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани и собири во Центар Жупа, Дебар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Гостивар, додека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Вевчани и Струга...

Продолжуваат предизборните активности на партиите, коалициите и независните кандидати за претстојните локални избори. Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани и собири во Центар Жупа, Дебар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Гостивар.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе биде во Вевчани и Струга. ДУИ ќе има предизборни активности во општина Гази Баба.
Претседателите на партиските подмладоци, денеска ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори.
Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13-ти октомври во 24 часот. Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15-ти октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29-ти октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27-ми октомври во 24 часот.
