Слаб интерес за брендирање на традиционалните јадења

28.09.2017 10:14

Македонија има голем на број региони познати по традиционалните јадења. Домашните специјалитети како во Европа, и кај нас законски може се заштитуваат, но интересот и претприемачкиот предизвик изгледа дека засега го нема доволно. Иако законската рамка за брендирање на македонските традиционални производи и јадења постои веќе неколку години, постапка за заштита на името и географското потекло е завршена само за Охридската цреша.

Тетовско гравче, Осоговско биено сирење, Кочански ориз, Охридски цреши. Ова е само дел од долгото и препознатливо мени на традиционалните јадења кои се служат на ова поднебје со стотици години наназад.

Македонија има специфични земјоделски производи и традиционални јадења од автентични состојки со вкусови карактеристични само за одредени региони. Љубителите на добрата кујна и старите домашни рецепти патуваат оддалеку за да ја пробаат макеонската храна. Интересот за македонските традиционални јадења во светот е зголемен поради единствениот вкус, автентичниот изглед и арома.

Рецептите за подготовка на храната кои се пренесуваат од колено на колено се поинакви од индустриските, како на пример, вкусот на традиционалното сирење од бачило кое го прави подобро и побарано од производите во маркетите.

Овие производи како и во Европа и во Македонија може да се се заштитат со закон.

 

Методија Трајков