Почина Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“
28.09.2017 10:21
И покрај скромните почетоци, магазинот набрзо прерасна во најпродаваното списание во светот, со месечен тираж од седум милиони примероци.

На 91-годишна возраст почина Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“. Мегапоплуарното списание за мажи почнал да го објавува во 1953 година во кујната на својот дом.
И покрај скромните почетоци, магазинот набрзо прерасна во најпродаваното списание во светот, со месечен тираж од седум милиони примероци.
Меѓу поважните личности кои биле интервјуирани за „Плејбој“ се Џон Ленон, Мартин Лутер Кинг и Фидел Кастро.
Хју Хефнер раководеше со казина и со ноќни клубови.
