Заклучен избирачкиот список за локалните избори

28.09.2017 10:30

Во избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирач се на привремена работа или престој во странство, 1.882 граѓани со право на глас се наоѓаат на издржување казна затвор или во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Заклучен избирачкиот список за претстојните локални избори. Право на глас ќе имаат 1.814.644 гласачи соопшти Државната изборна комисија.

Во избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирач се на привремена работа или престој во странство, 1.882 граѓани со право на глас се наоѓаат на издржување казна затвор или во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Шестите локални избори во Македонија ќе се одржат на 15-ти октомври, а ќе се реализираат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29-ти октомври.