Инцидент во Кичево, повреден носител на советничка листа

28.09.2017 10:33

Полицијата го уапсила напаѓачот, а е обезбедено и оружјето од кое е стрелано.

Инцидент во Кичево- застрелани тројца од кои еден е независен кандидат, носител на советничка листа. Тој е застрелан вчеравечер, а покрај него исто така бил повреден шефот на неговиот изборен штаб.

Биле истрелани најмалку пет куршуми, при што било повредено и трето лице, најверојатно од заскитаниот куршум.

Полицијата го уапсила напаѓачот, а е обезбедено и оружјето од кое е стрелано.

Истрагата треба да го покаже мотивот за нападот врз носителот на единствената независна кандидатска листа за советници што на ждребувањето на ДИК го доби бројот 75 на избирачкото ливче.