Македонски компании во ноември на два меѓународни бизнис настани во Турција

28.09.2017 10:55

Компании од автомобилската индустрија, металскиот сектор, информатичко-комуникациската технологија, женското претприемништво ќе ги претстават најновите искуства во нивниот делокруг.

Македонските компании во ноември ќе учествуваат на два големи меѓународни бизнис настани во Турција. На првиот саем се очекуваат околу 350 излагачи- бизнисмени на којшто ќе учествуваат асоцијации од Европа и од домаќинот Турција.

Компании од автомобилската индустрија, металскиот сектор, информатичко-комуникациската технологија, женското претприемништво ќе ги претстават најновите искуства во нивниот делокруг.

На вториот бизнис саем, Недела на извоз, ќе се разговара за надминување на трговските и културните бариери во регионите на Азија и Европа.