Каталонија
Пучдемон: Притисокот од Мадрид ја зголемува поддршката за референдумот
28.09.2017 11:31
Каталонскиот лидер ја обвини Европската комисија што ги игнорирала желбата и основните права на каталонскиот народ кога судовите и централната власт се обидоа да го спречат референдумот.

Според лидерот на Каталонија, Карлес Пучдемон, притисоците на шпанската Влада поради референдумот за независност ја зголемуваат поддршката за гласањето.
Ја обвини Европската комисија што ги игнорирала желбата и основните права на каталонскиот народ кога судовите и централната власт се обидоа да го спречат референдумот.
Гласањето е закажано за први октомври.
