Мексико: Напад во рехабилитационен центар
28.09.2017 11:44
Во моментот на нападот во установата имало 25 лица. Полицијата го истражува мотивот за повеќекратното убиство.

Вооружени лица отворија оган и усмртија 14 луѓе во центар за одвикнување од дрога во северно Мексико. Во моментот на нападот во установата имало 25 лица. Полицијата го истражува мотивот за повеќекратното убиство.
„Извршителите на нападот се членови на бандата „Ацтекас“. Се претпоставува дека криминалната група е истата што изврши серија убиства во главниот град“, изјави Оскар Апарисио, комесар.
Наркокартелите во Мекиско наоѓаат клиенти во овие центри, па ривалските банди често вршат напади.
