Најубедливиот АБА пораз за МЗТ сезонава

15.02.2014 21:02

МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Крка (73:50) во рамките на 20-то јадранско коло...

Најмалку постигнати поени на еден меч во тековната натпреварувачка година, двоцифрен број - 11 загубени топки и исто толку дозволени скокови во офанзивата на протиникот. МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Крка (73:50) во рамките на 20-то јадранско коло, со што и втората словенечка екипа се реваншира за поразот во Скопје.
 
Аеродромци остануваат на 9 победи, но го губат чекорот за 6-та позиција на табелата, која што води директно во Еврокупот. Очајна игра во организацијата на нападите, без душа во дефанзивата, МЗТ без Оташевиќ игра како без една нога. Цветковиќ постигна 11 поени, по 9 имаа Николовски, Маринковиќ и Лучиќ, 8 поени имаше Шеховиќ, по 2 постигнаа Гечевски иЧековски, без поени заврши Дамјан Стојановски.
 
До крајот на лигашкиот дел на регионалното кошаркарско натпреварување има уште 6 натпревари, а во наредното, 21-во коло, МЗТ Скопје игра дома против Задар.