Вануату: Евакуација поради опасност од ерупција на вулкан
28.09.2017 12:10
Единаесет илјади жители на островот Амбе, 150 километри северно од престолнината Порт Вила, треба да се преселат на околните острови до шести октомври.

Се евакуира населението на островската држава Вануату поради опасност од ерупција на вулканот Манаро кој се активираше пред неколку денови.
Единаесет илјади жители на островот Амбе, 150 километри северно од престолнината Порт Вила, треба да се преселат на околните острови до шести октомври.
Вануату е една од најсиромашните држави во светот.
