Путин во посета на Анкара

28.09.2017 12:46

Путин и Ердоган ќе разговараат за глобалните и регионалните прашања, како и за подобрување на односите меѓу двете земји...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе претстојува во официјална посета на Анкара, при што ќе оствари средба со неговиот турски колега Ердоган. Ќе разговараат за глобалните и регионалните прашања, како и за подобрување на односите меѓу двете земји.

Важна тема во разговорите ќе бидат случувањата во Сирија и во Ирак. Двајцата лидери претходно оваа недела остварија телефонски разговор и го потенцираа зачувувањето на територијалниот интегритет на Ирак и Сирија.

Двајцата претседатели последната официјална средба ја одржаа на 3-ти мај 2017-та година во Сочи, Русија.