Повторно одложено судењето за случајот „Насилство во општина Центар“

28.09.2017 12:53

СЈО обвини дека постапката намерно се одолговлекува.

Продолжи и се одложи рочиштето за случајот „Насилство во Општина Центар“ во кое се обвинети поранешниот премиер Груевски и поранешниот министер за транспорт, Јанакиески. Двајца од обвинетите не дојдоа на судењето.

СЈО обвини дека постапката намерно се одолговлекува. Обвинителката Фатиме Фетаи поради неоправдано отсуство на еден од обвинетите, побара тој на следното рочиште да биде стражарно приведен.

Во скопскиот Кривичен суд денеска беа присутни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е првообвинет, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевки и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Судското рочиште е одложено за 20-ти ноември.