Советот на јавни обвинители го усвои четвртиот полугодишен извештај на СЈО

28.09.2017 13:09

Претседателот на Советот, Штеријев ја оцени како позитивна работата на обвинителството и како што рече, изразуваме умерен оптимизам.

Советот на јавни обвинители едногласно го усвои четвртиот полугодишен извештај за работата на СЈО. Ние работиме на предистражни постапки и ќе продолжиме со нашата активност за спречување на криминалот- изјави специјалната обвинителка Јанева. Уште еднаш побара продолжување на работата на СЈО.

Претседателот на Советот, Штеријев ја оцени како позитивна работата на обвинителството и како што рече, изразуваме умерен оптимизам. Според него, не треба да ја ставаме главата во песок и треба да продолжиме со затворање на предметите во кои има конкретни сознанија за кривични дела.

Претседателот на Советот на јавни обвинители без конкретен став- дали СЈО треба да биде посебен оддел на Државното Јавно обвинителство, но како што рече, во иднина треба да работиме да бидеме единствен самостоен државен орган.

По локалните избори, извештајот на СЈО ќе се најде пред пратениците во Собранието.