Зајакнување на независноста на правосудството

28.09.2017 14:17

Со првата регионална конференција на тема „Судска реформа и казнена политика на македонските судови“, од Битола тргна имплементацијата на шестмесечниот проект насочен кон зајакнување на независноста на правосудството. Во проектот кој е дел од владиноот план зе реформа на секторот правосудство, освен од Здружението, судиите со препораки и дискусиии се вклучени и еминентни експерти од САД.

Без независни судови не може да се гарантира заштита на правата на граѓаните. Независноста не е само право, туку и обрска на судството. Македонскиот правосуден систем мора да се реформира. Во изминатиот период политичкото влијание беше големо. Констатација која беше потврдена и со најновиот извештај на Прибе во кој стои дека најголем дел од реформите содржани во прпораките на експерскиот тим од 2015-та година не се спроведени. За независноста на судството не смее да се преговара, а промените трба да дојдат од внатре- велат препораките на американските експерти.

„Судството не е на продажба, а вие ја имате како никој друг привилегијата да ги заштитите слабите од моќните, малцинството од мнозинството, особено граѓните од власта“, вели претставникот на Американската амбасада во земјава, Дејвид Стивенсон.

Овој проект опфаќа три столба. Реформа на правосудниот систем, промени во казнената политика и третиот столб е начелото на закон за пробација. Оваа стратегија не е поборник за идејата за реизбор на судиите.

„Ниту во извештајот на Прибе не се препорачува генерален реизбор на судиите, туку се препорачува промена на оние судии кои непаравиле големи пропусти или злоупотрба на службената положба“, вели нашиот уставен судија, Шпенд Деваја.

Имплементацијата на шестмесечниот проект опфаќа повеќе фази, а ќе бидат опфатени 150 судии, 50 адвокати и исто толку обвинители.

Стевче Митревски