Прилепскиот Тутунски комбинат со сигурен откуп и исплата на тутунот
Прилепскиот Тутунски комбинат од кооперантите ќе откупи преку 2 милиона килограми тутун од годинашнава реколта. Парите се обезбедени за исплата. Воедно ќе се проширува производството на брендови цигари и ќе се инвестира во фабриката. Во прилепската компанија разговори со челници од светски реномиран бренд...

Прилепскиот Тутунски комбинат ја интензивира соработката со својот стратегиски партнер, светскиот реномиран производител на цигари „Филип Морис“. Раководството на комбинатот денеска со првите луѓе на „Филип Морис“, надлежни за тутунската суровина во Европа и за оперативност во Југоисточна Европа, како и со првите луѓе на заедничката компанија во Македонија, ги зацврстува односите и во откупот на тутунот и во производството на цигарите.
Комбинатот од кооперантите ќе откупи преку 2 милиона килограми тутун од годинашнава реколта и веќе обезбеди пари за исплата на тутунарите, уверува првиот човек на прилепската компанија, Кирил Станкоски.
Со нова машина на стратегискиот партнер „Филип Морис“, ќе се проширува асортиманот на производите во фабриката за цигари, а воедно ќе се покрива и погонот.
Покривањето на погонот на фабриката за цигари ќе чини околу 60.000 евра.
Елизабета Митреска
