Поголемо учество на лицата со попреченост во политичкиот живот
Политичкото учество на лицата во хендикеп- за ова расправаа денеска надлежните во земјава како и претставници на ОБСЕ и на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со специјални потреби.

Поголема вклученост на лицата со попреченост во политичкиот живот- дебатa во Собранието. По барањето решенија за економските и социјалните права, за прв пат се зборува и за учеството во политиката.
„За прв пат го отвараме правото за нашето политичко учество во сите области, на сите места на национално и на локално ниво“, изјави Елена Кочовска-„Полио Плус“ Движење против хендикеп.
Мисијата на ОБСЕ изготвила препораки кои се однесуваат на вклучување на лицата со попреченост во политичкиот живот, меѓу кои се поставување надворшен експерт во дик кој би бил лице со попреченост и регулација на брајовото писмо во изборниот процес.
„Веројатно ова се мали чекори, но сметам дека тие се превземаат во вистинската насока и оваа денешна дискусија всушност ќе ги разгледа сите понатамошни предизвици кои ќе ни овозможат да работиме на поголема вклученост, инклузија на лицата со попреченост во демократското општество“, изјави Гонзало Де Чезаре, шеф на Одделот за човекова димензија при мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реална е потребата за дебата по ова прашање – рече претседателката на интерпарламентарната група, Ременски.
„Во нас можат да најдат сигурен сојузник кој што ќе биде насочен во делот на детектирање на промена на легислативата за подобрување на практиките и правата и во делот на влијание и мониторинг на имплеметнтација на законските обврски“, рече Фросина Ташевска Ременски, Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со хендикеп.
Присутните со заклучок – во реализирањето на правата на овие лица, нема партиска поделба.
Андријана Атанасовска
