Советот на јавните обвинители задоволен од работата на СЈО

28.09.2017 14:56

Советот на јавните обвинители едногласно го прифати четвртиот полугодишен извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Јанева најави отворање нови истраги, а дали ќе има и обвиненија ќе зависи од тоа дали ќе се продолжи нивниот мандат. Претседателот на Советот, Штериев без конкретен став дали СЈО треба да е дел од Државното обвинителство, но се залага за функционирање на единствен самостоен државен орган...

Не треба да ја ставаме главата во песок, особено за предмети во кои има конкретни сознанија за незаконско работење, изјави претседателот на Советот на јавните обвинители Штериев по разгледувањето на 4-от полугодишен извештај за работата на СЈО. Претседателот на Советот Штериев изрази умерен оптимизам, додавајќи дека според последниот извештај има напредок во работата на СЈО. Специјалната обвинителката Јанева, пак најави нови истраги, а покренувањето нови обвиненија ќе зависи од тоа дали ќе се продолжи нивниот мандат.

Претседателот на Советот, Штериев на прашањето на МТВ, без конкретен став дали СЈО треба да е дел од државното обвинителство, но како што потенцира се залага за функционирање на единствен самостоен државен орган.

Од 15 март до 15 септември СЈО за 19 предмети има поднесено 18 обвиненија против 120 лица за 168 кривични дела. Советот на јавните обвинители едногласно ги прифатил и претходните два извештаи на СЈО, кои беа разгледани во мандатот на Петар Аневски како претседател.

Милчо Велески