Ахмети: ДУИ нуди решенија за проблемите на граѓаните
ДУИ нуди решенија за проблемите на граѓаните- порача лидерот на партијата Ахмети на митинзите во Шуто Оризари и во Бутел. Преку нова прес-конференција известија за предизборните активности и проекти за Арачиново...

Колкава е поддршката за дуи ќе покажат советничките листи во Скопје, Бутел и секаде каде поддржуваме друг кандидат, затоа ние правиме се да излеземе од трката како победници рече лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на предизборниот собир во Бутел.
„Албанците нема да бидат измамени со одлуката која ја донесовме. Иако во новонастанатите околности некои се сомневаат зошто немаме наши кандидати за Скопје, Бутел итн. Ние сакаме да победиме онаму каде што ни е сигурна победата. Целиот наш потенцијал е ставен во служба на победа на национално ниво, во местата каде имаме реални можности за тоа“, рече Ахмети.
Во Шуто Оризари, пак, тој повика да не се делат албанските гласови поради големиот број пријавени кандидати.
„На национално ниво, ДУИ останува прва сила кај Албанците, но загрижува парцијализацијата на албанските гласачи. На последните парламентарни избори Албанците освоиja само 20 мандати, наспроти 28 на претходните избори. Не можеме да победиме за градоначалник на Град Скопје и затоа му помагаме на коалициониот партнер, а тој ни помага таму каде што е можно, во Тетово, Чаир, Гостивар, во Кичево“, нагласи Ахмети.
Кандидатот за градоначалник за Арачиново, Исуф Бислими ги претстави решенијата што ги нуди дуи за проблемите од инфраструктурата, урбанизмот, образованието и здравството.
ДУИ утре ги преставува своите кандидати пред жителите на Студеничани.
Фиљана Кока
