Олимпијада

Победа на Јансруд, прво злато за Норвешка на Роза Хута

16.02.2014 11:05

Кјетил Јансруд стана сукцесор на извонредните настапи на Норвежаните во оваа дисциплина...

Супервелеслаломот останува Норвешка дисциплина на Олимпијадите. Кјетил Јансруд стана сукцесор на извонредните настапи на Норвежаните во оваа дисциплина. Сигурен во себе, во подготвеноста, на крилјата на бронзата во спустот, Јансруд се спушти најбрзо.1 минута , 18 секунди и 14 стотинки траеше неговото победничко скијање на селективната „Роза Хута“ патека.

Три старта досега во Сочи, два медала, 4-то место во комбинација, 28 годишниот Јансруд потврдува  дека ова е неговото олимписко време, ставајќи се до рамо со  славните свои  претходници Кјетил Андре Омод и Аксел Лунд Свиндал.Во натпреварувањето преполно со возбудувања и пресврти, нова исклучителна ролја имаше Американецот Ендрју Вајбрехт.На Олимпијадата  во Ванкувер од позиција на аутсајдер стигна до бронзениот медал.

По 4 годишно резултатско затишје Вајбрехт и во Сочи , максимално инспириран со стартен број 29 се крена уште повисоко до сребрениот медал. Долго во трката легендарниот Американец Боди Милер имаше најдобро време, крајот го дочека на подиумот, но на  делба на третото место со Канаѓанецот Јан Худец со резултатски дефицит од 53 стотинки.

Супервелеслалом(М):резултати

1.Јансруд (Нор) 1:18.14 мин.

2.Вајбрехт(САД) +0.30 сек.

3.Милер(САД) +0.53 сек.

3.Худец(Кан)   +0.53 сек.

5.Штридингер (А) +0.55 сек.

6.Франц (А) +0.60 сек.

7.Свиндал (Нор) +0.62 сек.

8.Фил(И) +0.71 сек.

9.Банк(Чеш) +0.97 сек.

10.Приди (Кан) +1.05 сек.