БЕСА на средби со граѓани ја промовира својата програма

28.09.2017 16:19

Движењето БЕСА ги претстави своите проекти во тетовски Дреновец. Од оваа партија очекуваат да однесат победа и во скопски Чаир...

Општината Чаир е под заложништво веќе 12 години, но ние ќе ја ослободиме на 15-ти октомври, рече Зекирија Ибрахими, кандидат за градоначалник од редовите на движењето БЕСА.  Тој изјави дека во предизборието 2013-та, на граѓаните на оваа скопска општина им беше ветено дека ќе се изради катна гаража, цел мандат помина, а гаражата не е направена. 

Движењето БЕСА на средби со граѓани ја промовира својата програма. Ние како движење БЕСА подготвивме сеопфатен план за урбано Тетово, што ќе создаде нови можности за сите граѓани, каде што ќе се изградат булевари и ќе се регулира сообраќајот.

„Потребни се капитални инвестиции за подобрување на квалитетот на водата за пиење. Секое тетовско домаќинство 24 часа да има вода за пиење. Дреновец се уште не може нормално да комуницира со другите делови на Тетово. Идејата на „Движењето Беса“ е отворање на главните булевари кон Дреновец за поголем економски развој. Како што гледаме денеска, во градот има сообраќаен хаос. Со изградба на булевари со новите инвестиции ќе се создадат два нови центри за економски развој, еден од нив ќе биде Дреновец“, изјави Биљал Касами, претседател на движењето БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово.

Од БЕСА велат дека со нив граѓаните ќе имаат власт која ќе се ангажира за народот да има подобар живот, а градоначалниците и советниците ќе работат за развој на општините, а не за свои лични интереси.

  

Наташа Јанчиќ