Колку чини една краварска фарма?
Според пресметките изградбата на една фарма за 30 молзни крави чини скоро 150.000 евра. Состојбите со движењето на цените на пазарот со млеко велат дека ваквата инвестиција може да се врати за пет години. Дополнително олеснување е и субвенционирањето на ваквите капацитети со 60 проценти од прифатливите трошоци.

Изградаба и опрема на фарма за 30 молзни крави во моментов чини скоро 150.000 евра.
Со производство на млеко, телиња, арско ѓубре и добиените субвенции, математиката вели дека инвестицијата може да се врати за пет години.
На основната цена на чинење земјоделците можат да побараат и кофинансирање на средства од 60 до 80 проценти од двете финансиски програми, односно од европскиот ИПАРД 2 фонд и од Програмата за рурален развој.
Доколку користат банкарски кредити можат да аплицираат и за 50 проценти субвенции за каматата ако каматната стапка не е поголема од 8 отсто.
Состојбата со сегашните краварски фарми не е најповолна.
Најголемиот број се импровизирани или адаптирани објекти, блиску до семејните куќи, со мал капацитет и не соодветни услови за производство на квалитетно млеко.
Методија Трајков
