Возач и сопатничка тешко повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

29.09.2017 10:36

Сообраќајната несреќа се случила утрово околу два часот во близина на „Тумчевишкиот надвозник“. Автомобил „БМВ“ што го управувал Ј.Р. (25) од скопско Грчец, загубил контрола и излетал во околните ниви, превртувајќи се неколку пати.

Возач на автомобил и неговата сопатничка утрово се пренесени на скопските клиники со тешки телесни повреди, откако излетале од коловозот на автопатот Тетово-Гостивар, информира СВР Тетово. Според првичните информации, причина за несреќата е неприлагодена брзина, а вкупната штета се проценува на над 300 илјади денари. 

Сообраќајната несреќа се случила утрово околу два часот во близина на „Тумчевишкиот надвозник“. Автомобил „БМВ“ што го управувал Ј.Р. (25) од скопско Грчец, загубил контрола и излетал во околните ниви, превртувајќи се неколку пати. Во несреќата со тешки повреди се задобила и сопатничката К.П. (29) од Берово. Двајцата, првин биле згрижени во ургентното одделение во гостиварската болница, од каде како итни случаи се пренесени на скопските клиники.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово, по овластување на јавен обвинител.