ДИК донесе упатства за гласање на слепи и лица со оштетен вид

29.09.2017 10:48

Слепите и лицата со оштетен вид за првпат ќе го користат шаблонот со Брајовата азбука без дополнителна асистенција. Со ова во целост ќе се испочитува начелото за тајност на гласањето...

Државната изборна комисија на јавна седница донесе неколку упатства за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид, преку шаблон со Брајова азбука.

Слепите и лицата со оштетен вид за првпат ќе го користат шаблонот со Брајовата азбука без дополнителна асистенција. Со ова во целост ќе се испочитува начелото за тајност на гласањето, а во фаза на изработка се и посебни паравани.

ДИК одобри и нови 32 акредитации за набљудување на изборите, девет за Амбасадата на Руската Федерација, шест за Албанската амбасада и 17 за невладината ЦРИС.

Барањата за мониторинг до ДИК може да се поднесуваат до 4-ти октомври.