Минимален, но сепак пораз
Беа блиску барем до реми, со храбрата, пожртвувана игра и го заслужија, но кога на неколку секунди пред крајот ќе се промаши зицер и цело второ полувреме ќе се брка негатива од 1 гол без да се преземе водството, тогаш минималниот пораз е реален.

Екипата на Зомимак М загуби од дански Скјерн со 24-23 во натпреварот од 2-то коло во Б групата во купот на Европската ракометна федерација(ЕХФ). Струмичките ракометари покажаа желба , борбеност , но и одредени недостатоци во играта.
Беа блиску барем до реми, со храбрата, пожртвувана игра и го заслужија, но кога на неколку секунди пред крајот ќе се промаши зицер и цело второ полувреме ќе се брка негатива од 1 гол без да се преземе водството, тогаш минималниот пораз е реален.
Почнаа добро, поведоја со 4-2, го одржуваа водството до средината на полувремето, но тогаш дојде до израз неподготвеноста за игра со играч помалку, што искусната екипа на Скјерн знаеше да го искористи и со серија 6-0 да поведе со 12-7.
Зомимак врати со 4-0,на полувреме замина со еден негатива, но ниту еднаш во второто не успеа да го превземе водството. Шансата за реми ја пропушти Чантурија во последната минута. Ефектот на голманите на Зомимак беше скромен, за разлика од 12-те одбрани на Винклер, Младеновски и Ангеловски одиграа одлично второ полувреме со 9 погодоци, но Зомимак не најде одговор за брзиот центар на данците и за контрите на Расмунсен и Кристијансен кои заедно постигнаа 10 голови.
Следниот предизвик во групата за Зомимак М е на 23-ти месецов на гостувањето во Португалија против Спортинг.
