„Мепсо“ и „Сименс и Сискон“ ќе потпишат договор за ревитализација на ТС „Дуброво“

29.09.2017 10:52

Со овој договор „Мепсо“ практично го почнува новиот инвестициски циклус за ревитализација на повеќе трансформаторски станици...

Државната енергетска компанија „Мепсо“ и конзорциумот „Сименс и Сискон“ ќе потпишат договор за ревитализација на големата трансформаторска станица „Дуброво“, проект што чини 4,7 милиони евра.

Со овој договор „Мепсо“ практично го почнува новиот инвестициски циклус за ревитализација на повеќе трансформаторски станици и изградба на седум нови далноводи, во вредност повеќе од 50 милиони евра.