Мексико: Билансот на жртвите од земјотресот достигна 344 лица
29.09.2017 10:59
Спасувачките екипи сѐ уште се на терен и ги пребаруваат урнатините.

Во силниот земјотрес што на 19-ти септември го погоди Мексико, загинале најмалку 344 лица.
Спасувачките екипи сѐ уште се на терен и ги пребаруваат урнатините.
Претседателот Енрике Пења Нието соопшти дека штетите од земјотресот може да достигнат до две милијарди долари.
