САД: Почести контроли на Иранската нуклеарна програма
29.09.2017 11:39
Барањето доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп силно го критикуваше договорот во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации...

САД побараа од Меѓународната агенција за атомска енергија да ги засили инспекциите во Иран, за да се утврди дали Исламската република го спроведува договорот потпишан во 2015-та година за суспензија на својата нуклеарна програма.
Барањето доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп силно го критикуваше договорот во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации, и навести дека е можно поништување на договорот.
