АРМ

Од 2-ри до 6-ти октомври „Македонски блесок- 13“

29.09.2017 13:03

Целта е да се изврши реоценување на Средната пешадиска баталјонска група на АРМ и Лесната маневарска болница, според НАТО оценувањето- ниво 2, а согласно со концептот за оперативни способности на Северноатлантската алијанса.

Од втори до шести октомври, на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“, ќе се изведе вежбата „Македонски блесок- 13“. Целта е да се изврши реоценување на Средната пешадиска баталјонска група на АРМ и Лесната маневарска болница, според НАТО оценувањето- ниво 2, а согласно со концептот за оперативни способности на Северноатлантската алијанса.

На вежбата ќе бидат присутни и оценувачи од НАТО, а носител за реализација на вежбата е Здружената оперативна команда. Од Армијата велат дека вежбовните активности се поради проверка на борбената готовост на единиците според стандардите на Алијансата.