Вес Мичел ќе ја замени Викторија Нуланд

29.09.2017 13:08

Мичел е основач на Центарот за анализа на европската политика...

Американскиот Сенат потврди дека Вес Мичел, ќе ја замени Викторија Нуланд на функцијата заменик- државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

Американските медиуми јавија дека Мичел е избран по поедноставена процедура на крајот од седницата, каде што е потврдено назначувањето на повеќе американски дипломати на нови амбасадорски функции.

Мичел е основач на Центарот за анализа на европската политика во чиј фокус се Централна и Источна Европа.