ЗОИ СОЧИ 2014

15 километри пеколна трка

16.02.2014 11:09

Не со времето, 15-те километри со масовен старт се трка еден на еден, секој против секого.

Во Лаура бијатлон центарот во Олимписко Сочи претстои највозбудливата дисциплина-15 километри со масовен старт.

30-те најдобри бијатлонци според резултатите на претходните три трки денеска од 16 часот ќе се најдат заедно на стартот. Трката ќе ја почнат во исто време. Ќе се води беспоштедна битка на секој километар и на 4-те стрелишта. 15 километри искушение само за најдобрите. Бјорндален и двапати Фуркад му се израдуваа на златото, Свендсен има шанса конечно да покаже зошто е на врвот во светскиот куп, Ландертингер, Моравец, Соукуп се тука да покажат зошто ги заслужија пиедесталите досега. Сите други да ја побараат Олимписката слава.

Денеска, 16 часот на првиот програмски сервис на МРТ, биатлон 15 километри-масовен старт.