МЕПСО и Сименс- Сискон ќе ја ревитализираат трафостаницата „Дуброво“

29.09.2017 15:01

Со проектот тежок 4,6 милиони евра, примарната високонапонска опрема стара 40 години ќе биде заменета со најсовремена. МЕПСО и конзорциумот Сименс- Сискон го потпишаа договорот.

До крајот на годинава ќе почне ревитализацијата на 400/ 110 киловолтната трансформаторска станица „Дуброво“. Со проектот тежок 4,6 милиони евра, примарната високонапонска опрема стара 40 години ќе биде заменета со најсовремена. МЕПСО и конзорциумот Сименс- Сискон го потпишаа договорот.

Ревитализацијата на трафостаницата „Дуброво“ ќе трае три години, а работите се очекува да почнат на почетокот на идната година.

Според најавите, со реализацијата на овој проект се очекува да се обезбеди зголемена сигурност и доверливост во работењето со високонапонската опрема, мониторинг во реално време, навремено детектирање и превенција на дефекти и оптимализација во управувањето со електро- преносниот систем.