Определен 30- дневен притвор за Игор Југ
Тој е осомничен за поседување оружје и дека бил водач на толпа за време на упадот во Собранието на РМ на 27 април годинава.

Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на Игор Југ, откако Основното јавно обвинителство информира дека ја проширило истрагата против него. Тој е осомничен за поседување оружје и дека бил водач на толпа за време на упадот во Собранието на РМ на 27 април годинава.
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против лицето И.Ј. за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело „учество во толпа“ што ќе изврши кривично дело од чл.385 ст.3 од КЗ и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од чл.396 од КЗ, судија на претходна постапка по произнесување на лицето во врска со предлогот, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена врз основа на член 165 ст1. т. 1, 2 и 3 од ЗКП, стои во соопштението од скопскиот Кривичен суд.
