Јункер: Потребно е чудо за да постигнеме напредок за Брегзит

29.09.2017 15:14

Претседателот на ЕК смета дека е потребно да се случи чудо за да се постигне доволен напредок до крајот на октомври во преговорите на Европска унија со Велика Британија...

Претседателот на Европска комисија, Жан Клод Јункер изјави дека е потребно да се случи чудо за да се постигне доволен напредок до крајот на октомври во преговорите на Европска унија со Велика Британија.

Јункер по доаѓањето на самитот на ЕУ во Талин посочи дека до крајот на октомври нема да има доволен наредок.