Метео: За викендот променливо облачно

29.09.2017 15:55

Утрата ќе бидат постудени, додека дневните температури ќе бележат пораст и ќе ни донесат малку потопло време преку ден од досегашното.

Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и претежно суво без врнежи од дожд.

Утрата ќе бидат постудени, додека дневните температури ќе бележат пораст и ќе ни донесат малку потопло време преку ден од досегашното.

Порастот на температурите ќе продолжи и од понеделник, а од средина на следната седмица се очекуваат услови за нови врнежи.

 

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска