Ахмети: Се залагаме за градење човечки вредности
ДУИ со жители на Арачиново. Лидерот на партијата, Ахмети рече дека се свесни оти има уште многу работа затоа што проблемите за решавање не биле мали...

ДУИ има изградено национални вредности, но пред сѐ се залагаше за градење човечки вредности, со капацитети добро подготвени за да им служат на граѓаните, во служба на иднината, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети при презентирањето на митингот во Арачиново.
„Сметаме дека ние не сме ве разочарале. Свесни сме дека имаме уште многу работа, бидејќи нашите проблеми не беа мали. Работата пред нас не беше толку лесна, но целта ни беше многу добра и благородна и од срце работевме да не ги разочараме нашите сонародници, да не ги разочаруваме оние кои веруваа во овие важни процеси уште од 2002 до 2017“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Потсетувајќи на политичката криза од пред две години, тој нагласи дека нејзините автори имале за цел да ѝ наштетат на Демократската унија за интеграција, како единствена сила која доаѓа од многу добро организиран и моќен отпор на албанскиот народ во земјава.
„Зошто толку напад, зошто толкава бура? Сигурно ако оставиш лоши траги, или како што велат со јазикот на интелектуалците, на историчарите– хипотека, сигурно дека не можете да се движите. Ние посветено влеговме за да работиме и да се движиме напред и работите да ги придвижуваме кон подобро. Оваа бура помина и јас ќе побарам од вас, како ваш човек за да нема последици. И други големи несреќи како поплавите ги пребродивме, зашто ние сме мирољубиви и мирно сакаме да живееме“, рече Ахмети.
Беше промовиран кандидатот за градоначалник на оваа општина, Исуф Бислими.
„Како политички субјект што произлезе од воените дејствија особено внимание посветуваме на семејствата, пред сѐ децата на паднатите борци така што во нашата четиригодишна програма имаме предвидено финанасиски средства. На тој начин на нивните деца би им се укажало прилика да се школуваат во разни училишта, бидејќи самите тие се најсигурните личности што би моќеле да раководат со нашата пшартија во иднина“, рече Бислими.
На митингот во Гази Баба, пак, Ахмети ги повика поддржувачите на неговата партија да гласаат за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје и посака мирен и фер изборен процес на 15-ти откомври.
Фиљана Кока
