СДСМ: Ќе се решаваат проблемите на општините

29.09.2017 16:38

СДСМ до Гостиварци – централна власт поблиска до локална за подобар живот. Од митингот, партиските претставници ветија и европски пари за општините. Велат дека екомскиот развој мора да биде приоритет за да сопре, според нив, масовното иселување на младите. Претставени и инфраструктурните проекти...

„Целта на централната власт е да се приближи на локалната и да биде сервис на општините, за граѓаните да имаат подобри услови за живот“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред граѓаните на Гостивар. Вети дека со пари од Европската унија ќе се решаваат проблемите на општините.

Од Маврово- Ростуше, потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски, во своето обраќање пред присутните вети проекти и програма за враќање, како што рече, на животот во оваа општина.

Ќе го подобриме животот на сите граѓани во Маврово- Ростуше, во тесна соработка со владата ќе ги реализираме проектите што ги ветуваме, а најмногу ќе се заложам за подобар живот на сите вас- порача кандидатот за градоначалник од Социјалдемократкиот сојуз во Маврово- Ростуше, Медат Куртовски. Како најголем проблем во општината го издвои иселувањето на младите.

Клучните проекти кои дирекно ќе влијаат за подобар живот на граѓаните ќе бидат проширување на патот од Ростушки мост до над полициската станица, ќе се обезбеди паркинг простор и во поголемите населени места како и регулирање на отпадните води во Реканскиот и Мавровскиот регион. Куртовски вети дека ќе се направи комплетна урбанизација на сите населени места. Сите населени места ќе бидат поврзани со асвалтни патишта.

„Ќе бидат поправени и селските водоводни мрежи и сите вие ќе имате редовно чиста и здрава вода за пиење. Ќе се изградат и фекални канализациски мрежи. Ќе влијаме врз зголемување и подобрување на шумскиот фонд, развој на организиран лов и риболов. Врз целосен развој на туризмот, летен, зимски и планински, а со текот на времето ќе го унапредиме и селкиот туризам“, рече Куртовски.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се сретна и со граѓаните на Дебар и Центар Жупа. Меѓу граѓаните во овие две општини беше генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Александар Кирацовски.

СДСМ нема кандидати за градоначалници во општините Гостивар и Дебар, имаат кадидати за членови на Советот на општините. Коалицијата „Живот во Македонија“ од Маврово- Ростуше, Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Дебар испратија порака дека СДСМ ќе продолжи да работи во интерес и за доброто на сите што живеат во Македонија.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска