Касами: Имаме понуда која е реална

29.09.2017 16:44

„На Тетово му е потребна развиена урбана зона на местото на касарната“- кандидатот за градоначалник на БЕСА меѓу жителите во Дреновец...

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од движењето БЕСА, Билал Касами предизборната програма ја промовираше пред жителите на Порој. Рече дека во неговата програма се предвидени капитални и инфраструктурни проекти, изградба на паркови, спортско - рекреативни објекти.

„Ние имаме понуда која е реална, иако нашите политички опоненти не можат да разберат, како може една политичка партија да реализира ваква понуда која што не е реализирана две децении. Таа не е реализирана поради неспособноста на поранешните политичари. Движењето БЕСА има добар тим и ова е очигледно на секој собир пред граѓаните, презентираме сериозни и големи проекти за Тетово и околните места за кои што другите не можат ниту да сонуваат, а ние ќе направиме тие да бидат реални за Тетово. Преку јавно - приватно партнерство овие проекти ќе ги реализираме“- рече Касами.

Потсети и на сообраќајниот хаос во градот, вети изградба на булевари. Вели дека доколку ја добие довербата на граѓаните, многу други проекти ќе бидат реализирани за да се подобрат условите за живот во ова и другите населени места. Вети дека ќе инвестира во системот за водоснабдување, бидејќи за тетовчани водатата за пиење сѐ уште преставува проблем.

„Ќе се реализира проектот и за касарната во Тетово. Сум го спомнал тоа и порано дека касарните низ цела македонија им се поделени на локалните власти за да ги употребуваат за економски цели на земјата. Што се однесува до снабдувањето со вода ,поранешните политичари се обидуваат да го промовираат како нивен успех, но тоа не е така, затоа што Тетово нема недостиг од вода за пиење, проблемот е што таа не стига до домовите на граѓаните, не се инвестирало таму каде што треба. Ќе се инвестира во дистрибутивната мрежа за водата за пиење во градот, ако не се регулира таа вода се враќа во земјата“- изјави Касами.

Касами вели дека ќе работи на развивање на локалната економија, отворање на нови работни места. Со БЕСА, граѓаните ќе имаат власт која ќе се ангажира за народот да има подобар живот, а градоначалниците и советниците ќе работат за развој на општините, а не за свои лични интереси.

 

Андријана Атанасовска