Локални избори 2017: Партиите на митинзи и средби со граѓани
Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓаните во Пласница и во Демир Хисар, а митинзи се најавени во Македонски Брод и во Кичево. Денешните активности коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе ги почне со средби со граѓаните во Лозово, Градско и Чашка, а вечерни митинзи се најавени во Свети Николе и во Велес.

Осми ден партиски активности пред локалните избори на 15-ти октомври. Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓаните во Пласница и во Демир Хисар, а митинзи се најавени во Македонски Брод и во Кичево.
Движењето БЕСА денеска попладне ќе има средба со граѓани во општина долнени.
Денешните активности коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе ги почне со средби со граѓаните во Лозово, Градско и Чашка, а вечерни митинзи се најавени во Свети Николе и во Велес.
Демократската унија за интеграција за денеска најави митинзи во Боговиње и во Врапчиште.
Кампањата на коалициите, партиите и на независните кандидати ќе заврши на 13-ти октомври, петок, во 24 часот.
