Најмалку 20 загинати во напад во Лас Вегас
02.10.2017 11:09
Напаѓачот е локален жител, а мотивите за нападот засега се непознати, велат од полицијата.

Најмалку 20 лица се убиени во напад со огнено оружје во ресортот „Мандалеј беј“ во Лас Вегас. Во нападот се повредени и над 100 лица. Полицијата упати апел до граѓаните да ја избегнуваат областа околу хотелот.
Потврдено е дека напаѓачот е застрелан, но полицијата трага по неговата соучесничка. Напаѓачот е локален жител, а мотивите за нападот засега се непознати, велат од полицијата.
Шерифот не сакаше да го соопшти името на напаѓачот, но потврди дека пукал од 32-от кат од хотелот.
