ИД презеде одговорност за нападот во Марсеј

02.10.2017 12:38

Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон, изјави дека властите не ја исклучуваат можноста оти нападот во Марсеј претставува терористички чин, но дека се уште немаат докази за тоа.

Џихадистичката група исламска држава презеде одговорност за нападот на железничката станица Сен-Шарл во Марсеј, во кој беа убиени две жени.

Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон, изјави дека властите не ја исклучуваат можноста оти нападот во Марсеј претставува терористички чин, но дека се уште немаат докази за тоа.

Според Колон, на снимките од безбедносните камери се гледа дека напаѓачот прво ја напаѓа една од жените и бега, а потоа се враќа на истото место и ја напаѓа и другата жртва.

Напаѓачот е ликвидиран од припадници на француските безбедносни сили, и неговиот идентитет не е откриен.