Брз поврат на ДДВ и помали казни бараат компаниите

02.10.2017 13:21

Според анкетата, компаниите имаат голем проблем и со односот на царинските службеници поради што бараат донесување етички кодекс за нивното работење. Се жалат и дека царинските работници често постапуваат субјективно и непрофесионално.

Брзо, целосно и безусловно враќање на ДДВ-то, намалување на глобите и укинување на двојните казни, како и законско регулирање на практиканството и пробната работа, бараат микро, малите и средните претпријатија. Ова се дел од предлозите на компаниите идентификувани во анкетата на Стопанската комора за подобрување на бизнис- климата во земјава.

Според анкетата, компаниите имаат голем проблем и со односот на царинските службеници поради што бараат донесување етички кодекс за нивното работење. Се жалат и дека царинските работници често постапуваат субјективно и непрофесионално.

Анкетата е спроведена од декември 2016-та до јануари 2017-та на микро мали и средни претпријатија од текстилната индустрија, градежништвото, земјоделството и ИКТ-секторот. Детектирани се вкупно 60 проблеми, од кои 27 се веќе разработени, а за некои има и иницијативи во насока на надминување преку измени на закони.